Top Sport

Поранешен НБА играч осуден на 10 години затвор

Поранешниот НБА играч Теренс Вилијамс е осуден на десет години затвор поради кражба на 5.000.000 долари. Измамата ја извршил во периодот од 2017 до 2021 година во Калифорнија и Вашингтон. Наложено му да предаде 650.000 долари и да плати 2.500.000 долари како реституција на НБА

36-годишникот организирал шема во која ги користел програмите за здравствено осигурување и социјална заштита на играчите на Националната кошаркарска асоцијација.

„Њујорк пост“ објави дека поранешниот член на Њу Џерси Нетс, Хјустон, Сакраменто и Бостон се изјаснил за виновен.

Тој и уште 17 поранешни играчи на НБА поднеле лажни медицински барања кои всушност не им биле доставени. Истрагата утврдила дека поранешни кошаркари со измама заработиле околу пет милиони долари, а меѓу нив се Тони Ален, Шенон Браун, Глен Дејвис…

Во 2009 година Вилијамс беше 11. пик на драфтот, а во текот на 2013 година го носеше дресот на Турк Телеком.

Scroll to Top