Аксел Дисаси од денеска и официјално е играч на Челси. „Сините“ го ангажираа Дисаси поради повредата со која се збоби дефанзивецот Фофана.
За неговиот трансфер Челзи плати 45.000.000 евра, а Французинот договори шестгодишен договор.
Дисаси одигра 130 натпревари во Лига 1, забележа четири настапи за француската репрезентација, а беше дел и од тимот кој стана вицешампион на светот во Катар.
Пред Дисаси во актуелниот преоден рок во Челси пристигнаа: Кристофер Нкунку, Николас Џексон, Лесли Угочукву, додека Леви Колвил беше вратен од Брајтон на позајмица.
Axel is ready to get to it! 💪 pic.twitter.com/EQFipRjBnw
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 4, 2023