Поранешниот македонски репрезентативец Томе Китановски е нов фудбалер на српскиот прволигаш Слобода Ужице. Десниот бек денеска ја имаше промоцијата во новиот клуб.
Тој третпат заминува на печалба во Србија. Претходно Китановски беше дел од екипите на Вождовац и на Младост Лучани.