Top Sport

Баерн Минхен му даде ултиматум на Тотенхем за трансферот на Хари Кејн

Германскиот првак Баерн Минхен почнува да ги губи трпението во преговорите со Тотенхем за трансферот на Хари Кејн. Баварскиот гигант до вечерва на полноќ му постави рок на Тотенхем да одлучи дали ќе се согласи на договор за трансфер на напаѓачот.

Во спротивно, Баерн Минхен е подготвен да се насочи кон други опции за пополнување на напаѓачката позиција во тимот.

Баварците на Тотенхем му нудат финални 100 милиони фунти, кои можат да бидат и повеќе, доколку бидат исполнети одредени клаузули во договорот.

Сепак, не е јасно како на ултиматумот ќе реагира исклучително тешкиот за преговори претседател на Тотенхем, Даниел Леви.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, сака да го има Хари Кејн во тимот за натпреварот од Суперкупот на Германија против Лајпциг на 12 август.

 

 

Scroll to Top