Top Sport

Кралска заработка на „кралскиот клуб“

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид минатата сезона остварил рекорден приход од 750,9 милиони евра.

Минатата сезона „кралскиот клуб“ ја освои третата титула во последните три години во Лигата на шампионите, а исто така триумфираше на Светското клупско првенство. во финансискиот извештај што го објави клубот не е пресметана заработката од продажбата на фудбалери.

Приходот од 750,9 милиони евра е за 11,3 отсто во однос на претходната сезона и најголем од 2000 година кога на чело на клубот застана Флорентино Перез.

Поради тоа вредноста на клубот пораснала за неверојатни 494,5 милиони евра, додека според извештајот Реал има долг од 107 милиони евра.

Собранието на Реал е закажано за 23.септември кога едн од главните теми ќе биде реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top