Top Sport

Работнички ги претстави дресовите за новата сезона: „Природа, страст, триумф“

Новата сезона во Првата лига е на прагот, а Работнички ги претстави дресовите со кои ќе настапува во новиот шампионат 2023/24.

„Природа, страст, триумф“, е мотото со кое е претставена новата спортска опрема на Работнички на официјалниот сајт на клубот и на социјалните мрежи.

„Романтичарите“ ќе носат „црвено-бела“ варијанта, а како резервни опции ги имаат белата и сината боја.

Работнички в понеделник го стартува шампионатот, со дуелот против Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

 

 

Scroll to Top