Манчестер Јунајтед игра пријателски натпревар против францускиот клуб Ленс на „Олд Трафорд“ како најава за новата сезона во Премиерлигата, а новиот голман Андре Онана се посрамоти на своето деби. Тој прими гол од центарот на теренот.
Во 23.минута, Флоријан Сотока, фудбалерот на Ленс, забележа дека Онана е далеку од гол-линијата и реши да го лобува со шут од центарот на теренот. Постигна спектакуларен гол, а Онана заврши во сопствената мрежа.
ONANA IS BEATEN FROM THE HALWAY LINE WITH AN INSANE GOAL !!!! pic.twitter.com/93KcXs551a
— FC TV LIVE (@EPL_77) August 5, 2023