Top Sport

Гвардиола: Силва? Добра понуда и можеме да разговараме

Бернардо Силва има желба да се пресели во Барселона, челниците на Манчестер сити нема да се противан на овој трасфер доколку добијат добра понуда, но барем засега од „Ноу Камп“ не испратиле конкретна понуда за Португалецот.

Тренерот Чави не крие дека Силва е идеален за системот што го форсира, но во овој момент Барселона нема финансиска моќ за да може да влезе во преговори.

Шпанските медиуми шпекулираа дека Силва ќе се обиде да ги натера челниците на европскиот шампион да го продадат доколку Барселона испрати понуда, но Каталонците барем засега се во целосна дефанзива.

На оваа тема , во пресрет на натпреварот во Комјунити шилд, проговори и менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

„Сакам да разјаснам некои работи бидејќи извештаите од Барселона ги извртуваат моите зборови. Сакам да работам со оние кои сакаат да останат и да бидат. Некои играчи чувствуваат дека сакаат ново искуство. Јас нема да бидам тој што ќе каже „не“ – но прво треба да се договорат со клубот. Нека се договорат и тоа е во ред, но ние прво мораме да добиеме задоволителна понуда. Ако нема реална понуда, тогаш тој ќе остане во клубот. Ако навистина го сакаат, тогаш ќе дојдат кај нас ќе разговараат со луѓето од нашиот спортски сектор и ќе постигнат договор“, рече Гвардиола.

„Мундо Депортиво“, претходно објави дека Силва е приоритетна цел на Барселона ова лето, но за да имаат пари за да влезат во преговори челниците на Барселона ќе мора да да продадат играч со голема вредност на пазарот (Ансу Фати, Педри, Гави, Феран Торес..).

Сепак, во петокот објавија дека трансферот би бил невозможен доколку Барселона прво не продаде еден од посилните играчи. Се шпекулира дека Сити за Португалецот бара 80 милиони евра.

Усман Дембеле ќе премине во Пари Сен Жермен, а Франк Кеси се очекува да замине во Ал Ахли за 15 милиони евра.

Scroll to Top