Фудбалерот на ПСЖ и италијански репрезентативец Марко Верати и следната сезона ќе го носи дресот на „светците“, објави клубот од Париз.
Италијанскиот фудбалер имаше понуди од клубовите од Саудиска Арабија, Ал Ахли и Ал Хилал, но ПСЖ ги одби нивните понуди. Ал Ахли и Ал Хилал не сакаа да платат 70 милиони евра оштета за Верати.
Верати (30) наводно сакал да замине бидејќи бил незадоволен од статусот кај новиот тренер, Луис Енрике. Откако разговарал со тренерот, Италијанецот решил да остане на „Паркот на принцовите“.
Тој има договор со ПСЖ до јуни 2026 година, а „Трансфермаркт“ проценува дека Италијанецот вреди 40 милиони евра.
Верати е член на ПСЖ од 2012 година, а за францускиот клуб одигра 416 натпревари и постигна 11 голови. Со клубот од Париз освои 30 трофеи.