Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси (58) присуствуваше на натпревар на неговиот поранешен клуб Нагоја Грампус.
Стојковиќ како играч настапуваше за Раднички Ниш, Црвена звезда, Марсеј и Верона, а од 1994 до 2002 година беше член на Нагоја. Тој беше и тренер и Нагоја во периодот од 2008 до 2014 година. Како тренер два пати го освои Купот на Јапонија, како играч два пати беше шампион на оваа земја.
Стојковиќ на „Инстаграм“, објави како бил пречекан од јапонските фанови. Околу 60.000 луѓе едногласно скандираа „Пикси, Пикси“, покажувајќи дека српскиот тренер е легенда на Нагоја.
Стојковиќ под видеото напиша: „Секогаш е убаво да се вратам кај моето семејство во Нагоја. Ви благодарам“.
Стојковиќ од 2021 година е селектор на Србија.