Искусниот српски репрезентативец, 35. годишниот Немања Матиќ би можел да направи неочекуван и изненадувачки трансфер во финишот на преодниот рок.
Матиќ кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Рен, а според француските медуми до финализирање на трансферот, клубовите треба да договорат уште некои ситини детали.
Српскиот репрезентативец има договор со Рома до 2024 година, па римскиот клуб би заработил и од евентуална продажба.
Немања Матиќ зад себе има богата и блескава кариера.
Мина низ младинските категории на Партизан, играше за Колубара, а во 2007 година се пресели во Кошице, каде што започна неговата феноменална кариера.
Тој од Кошице се пресели во Бенфика , потоа играше за Челзи, Манчестер јунајтед и Рома.
За српската репрезентација одигра 48 натпревари и постигна два гола.