Top Sport

Ван дер Пул се искачи на светскиот трон, Погачар трет

Холанѓанецот Метју Ван дер Пул е светски шампион во велосипедизам. Ван дер Пул најголемиот успех во кариерата го постигна во Глазгов, а има по една етапна победа на Тур и на Џиро.

Тој е и првиот човек кој ги освоил титулите во друмски велосипедизам и во циклокрос, а тоа го направи оваа година.

Втор трката ја заврши освојувачот на сребрениот медал на Ои во Токио, Белгиецот Воут ван Арт, а трет во фотофинишот беше Словенецот Тадеј Погачар пред светскиот шампион од 2019 година Мадс Педерсен.

Ван дер Пул падна во последните дваесетина километри, но стана и продолжи понатаму. Во моментот кога падна неговата предност падна на 25 секунди, но падот не влијаеше врз него, до крајот тој само ја зголеми предноста на 90 секунди.

Scroll to Top