Немања Матиќ ги договорил личните услови со францускиот Рен, но неговито актуелен клуб Рома нема намера да му овозможи трансфер.
Договорот на Матиќ со Рома беше автоматски продолжен за уште една година откако одигра повеќе од 3.100 минути и 50 натпревари. Сепак, Матиќ сака да замине и се договорил за соработка со Рен.
Иако од потезите во овој преоден рок се чинеше дека Рома има намера да го подмлади тимот, Жозе Мурињо во никој случај не сака да остане без Матиќ. Уште повеќе, како што пренесува „Калчомеркато“, клубот никогаш немал ни намера да го продаде и Рома е изненадена што играчот сака да си замине.
Не е тешко да се претпостави дека Мурињо најмногу се противи на неговото заминување. Токму тој инсистираше Матиќ да дојде во Рим. Матиќ е еден од омилените играчи на Португалецот, пред Рома заедно соработуваа во Челси и Манчестер јунајтед.