Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина со победа стартуваше во Ц-дивизијата, во Лигата на нации. БиХ, попладнево во Белфаст, победи против Северна Ирска 2:1. Покрај стрелците Дуљевиќ и Сариќ, најзаслужен за победата на биХ беше голманот Шехиќ кој имаше неколку брилијантни одбрани.
Ирците доминираа во текот на целиот натпревар, имаа 67 отсто од поседот на топката, изведоа 18 корнери и упатија 25 удари кон голот на БиХ, од кои осум одеа во рамките на голот, но не успеаја да победат.
Играчите на БиХ, се определија да го бранат својот гол, но за разлика од противникот, ги искористија своите шанси.
Акцијата на Џеко во 36.минута со прецизен удар во ирската мрежа ја заврши Дуљевиќ. Во второто полувреме, во 65.минута, Сариќ успеа да казни голема грешка на одбраната на домашната репрезентација.
Ирците успеаја да постигнат гол преку Григ во 93.минута, а две минути подцна имаа уште една шанса преку истиот играч, но резултатот остана 1:2.
Во наредното коло, БиХ во Зеница, ќе ја пречека Австрија.