Top Sport

Гризман: Не би го одбил повикот на Бекам

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, изјавил дека со задоволство би настапувал за новата франшиза во МЛС лигата, во САД, Мајми, чии основач е Дејвид Бекам.

Поранешниот англиски репрезентативец, на Флорида, го оформи Интер Мајами, а франшизата во лигата ќе започне да се натпреварува од 2020 година.

27-годишниот Гризман, никогаш не криел дека има желба кариерата да ја заврши во САД. Исто така, најдобриот играч на Атлетико, никогаш не криел дека еден од неговите фудбалски идоли е токму Бекам.

„Доколку Бекам сака да играм во неговиот тим ќе одам таму. Сакам кариерата да ја завршам во САД. Не знам дали тоа ќе биде Мајами или Лос Анџелес. Ми се допаѓа американската култура и менталитетот“, рекол Гризман.

Сепак, францускиот репрезентативец ќе почека до преселбата во САД, бидејќи пред стартот на Светското првенство го продолжи договорот со Атлетико до јуни 2023 година.

Scroll to Top