Top Sport

Рамос се сели во ПСЖ

Португалскиот репрезентативец Гонзало Рамос е нов играч на Пари Сен Жермен.

Како што објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, двете страни по неколкудневни преговори ги договориле деталите за трансферот.

ПСЖ ќе плати 80 милиони евра за напаѓачот на Бенфика.

Договорот е таков што шампионот на Франција ќе плати 65 милиони директно и 15 преку бонуси. Рамос до летото 2024 година ќе биде позајмен во ПСЖ, а потоа „светците“ ќе го откупат неговиот договор.

Причина за ваков договор се правилата за финансиски фер-плеј, а играчот во наредните денови ќе пристигне во Париз.

Минатата сезона блесна во дресот на Бенфика настапи 47 натпревари во сите натпреварувања постигна 27 гола.

Рамос е седмото засилување на ПСЖ во овој преоден рок. Пред него пристигнаа дефанзивците Шкриниар и Лукас Ернандез, играчите од средниот ред Угарте, Ндур и Канг-ин Ли и напаѓачот Марко Асенсио.

Добредојде во ПСЖ на Рамос му посака неговиот сонародник, поранешен играч на „светците“, Педро Паулета.

„Ти си на ред да испишуваш историја во Пари Сен Жермен, добредојде во нашиот клуб“, порача Паулета.

Инаку, со 109 постигнати гола, Паулета е петтиот најдобар стрелец во историјата на ПСЖ.

Scroll to Top