Понуда од Лондон пристигнала на „Олд Трафорд“ за двајца играчи на Манчестер јунајтед. Вест Хем сака да ги ангажира Хари Мегваер и Скот Мектомини.
Како што пренесува Би-би-си, „чеканите“, на чија клупа седи поранешниот тренер на Евертон и Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс, сакаат во пакет да ги донесат овие двајца фудбалери.
Вест Хем според Атлетик понудиле 70 милиони евра за Мегваер и Мектомини
Мегваер и Мектомини се во втор план кај Ерик тен Хаг и во клубот се свесни дека ќе мора брзо да најде решение за двајцата.
Мојс и членовите на неговиот стручен тим веруваат дека 35 милиони евра ќе бидат доволни за Јунајтед да го пушти поранешниот капитен, а исто толку би платиле и за Мектомини.
Јунајтед минатата недела ја одби понудата на Вест Хем за Мегваер од 23 милиони евра.