Top Sport

Топспорт тим на колото – Тројца „романтичари“ меѓу најдобрите 11

Првото коло од новата сезона во Првата фудбалска лига донесе многу возбудувања, убави голови, а во дербито Работнички излезе победник во дуелот против Шкупи (3:1). Токму поради овој триумф, тренерот Милан Илиевски го заслужи епитетот најдобар тренер за стартот од сезоната, а меѓу единаесетмината има тројца „романтичари“.

Во одбраната е Егзон Белица, а во Топспорт тимот на колото се најдоа и стрелците Атдхе Мазари и Георг Стојановски.

На голот е Давор Талески од Шкендија, на десната бековска позиција се наоѓа Георгије Јанкулов, стрелецот на прекрасниот гол со кој Брера го победи Вардар (1:0), а тука се Даниел Мојсов (Тиквеш) и Ванѓел Згуро (Струга Трим Лум).

Во средниот ред покрај Мазари и Георг Стојановски се уште и Марјан Радески од Струга ТЛ и Димитриј Димитриевски од Брегалница.

Во нападот се Колин Андерсон (Брегалница) и Алмир Агансхапиќ (Шкендија) кои беа стрелци на победничките голови за своите екипи.

ТОПСПОРТ ТИМ НА КОЛОТО (прво коло)

ДАВОР ТАЛЕСКИ (ШКЕНДИЈА)

ГЕОРГИЈЕ ЈАНКУЛОВ (БРЕРА СТРУМИЦА)

ЕГЗОН БЕЛИЦА (РАБОТНИЧКИ)

ДАНИЕЛ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)

ВАНЃЕЛ ЗГУРО (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)

МАРЈАН РАДЕСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)

ДИМИТРИЈ ДИМИТРИЕВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)

АТХДЕ МАЗАРИ (РАБОТНИЧКИ)

ГЕОРГ СТОЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

АЛМИР АГАНСПАХИЌ (ШКЕНДИЈА)

КОЛИН АНДЕРСОН (БРЕГАЛНИЦА)

ТОПСПОРТ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: МИЛАН ИЛИЕВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Scroll to Top