Top Sport

(ВИДЕО) Јанкулов го постигна најубавиот гол – Сите погодоци од стартот на сезоната во Првата лига

Последниот дуел од првото коло меѓу Работнички и Шкупи донесе најмногу голови (3:1), а најубавиот гол на стартот на сезоната е дело на фудбалерот на Брера, Георгије Јанкулов. Тој од далечина испрати силен удар и погоди во горниот агол од голот на Гачевски.

Шампионот Струга ТЛ со 2:0 ја доби пресметката против новиот прволигаш Гостивар, а и Шкендија во финишот стигна до триумф (0:1) против Воска. Тиквеш исто така со минимална предност (1:0) го заокружи мечот со Македонија ЃП, додека Брегалница со 2:1 го совлада Силекс.

Погледнете сите голови од премиерното коло во Првата фудбалска лига.

Scroll to Top