Македонските претставници Работнички и Феникс ги дознаа противниците во ФИБА Еврокупот. Работнички ќе биде во единствената група со четири екипи во квалификациите за пласман во групната фаза во ФИБА Еврокупот, а за противници ги има Донар Гронинген (Холандија), Рапид Букурешт и Сабах, шампионот на Азаербејџан.
Македонскиот тим ќе биде домаќин на оваа група, во која средбите ќе се одиграат меѓу 2 и 5 октомври.
Феникс ќе игра на Кипар, каде што ќе биде во група со организаторот Керавнос и со германскиот тим Рошток. Пласман во групната фаза ќе обезбеди само првопласираната екипа.