Top Sport

Нејмар тренира одвоено од тимот, бил подготвен да се врати во Барселона

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар тренирал одвоено од соиграчите поради вирусна инфекција, соопшти францускиот клуб. Интересна информација од клубот, бидејќи пред неколку дена ПСЖ му соопшти на Бразилецот дека може не е во нивните планови за новата сезона.

Агенцијата АП, повикувајќи се на свои извори, вчера објав дека Нејмар до крајот на овој месец ќе го напушти Париз.

Нејмар се поврзува со Барселона, која во 2017 година го продаде на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Новинарите на „Ел Чирингито“, тврдат дека Барселона договорила три годишен договор со Бразилецот. Годишната нето плата на Нејмар би изнесувала 13 милиони евра.

Според овој извор трансферот го одобрил тренерот на Барселона, чави.

Scroll to Top