Договорениот трансфер на Лазар Самарџиќ од Удинезе во Интер може да пропадне поради алчноста на татакото на фудбалерот.
Самарџиќ во четвртокот ги заврши лекарските прегледи во Милани, но во меѓувреме дојде до смена на менаџерот. Таткото на фудбалерот Вујадин Самарџиќ ја презеде таа улога од Рафаела Пименто, која раководи со менаџерската агенција чии основач е починатиот Мино Рајола.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, таткото на српскиот репрезентативец се појавил на преговорите како нов менаџер и побарал измени на неколку детали во договорот, кои веќе биле договорени со претходниот менаџер, поточно таткото на Самарџиќ барал повисока провизија.
Преговарачите на Интер веднаш ја прекинале реализацијата на трансферот и побарале Лазар Самарџиќ да се согласи со сите претходно договорени финансиски детали.
Фудбалерот добил рок од 48 часа да се изјасни, по што договорот ќе се спроведе според старите услови или воопшто нема да биде реализиран.
Интер своето го кажа, сега треба да се договорат таткото и синот, дури тогаш ќе биде познато дали Самарџиќ ќе го реализира трансферот на кариерата.