Top Sport

Замената за Гвардиол пристигна во Лајпциг

Францускиот дефанзивец Кастело Лукеба официјално стана играч на Лајпциг. Лукеба во Лајпциг дојде како замена за Јошко Гвардиол, кој се пресели во Манчестер сити.

Лукеба со Лајпциг потпиша петгодишен договор и ќе го носи дресот со број 23. Неговиот досегашен клуб, Лион, од трансферот заработи 34 милиони евра, а според договорот ќе инкасира и 20 отсто од наредниот трансфер на фудбалерот.

Лукеба започна во младинската школа на Лион, а своето професионално деби го имаше во 2021 година. Во текот на претходните две сезони настапи на 58 натпревари во францускиот шампионат и постигна четири гола.

Стоперот настапува за француската репрезентација до 21 година, а досега за таа селекција има одиграно 10 натпревари. Нов соиграч ќе му биде Мохамед Симакан, кој е и негов партнер во одбраната на младите „триколорите“.

Лајпциг следниот натпревар во Суперкупот на Германија ќе го одигра против Баерн. Натпреварот ќе се одигра утре од 20:45 часот.

Новата сезона во Бундеслигата започнува на 18. август, а избраниците на Марко Розе гостуваат кај Баер Леверкузен во првото коло.

Scroll to Top