Top Sport

(Видео) Блескава партија на Димитриевски – Рајо Ваљекано со победа влезе во новата сезона

Новата сезона во шпанската Ла Лига започна со победата на Рајо Ваљекано од 2:0 на гостувањето во Алмерија. Брилијантна партија за Рајо пружи македонскиот репрезентативен голман Столе Димитиревски.

Од белата точка фудбалерите на Рајо Ваљекано дојдоа до првата победа во сезоната. Првиот пенал го реализираше Изи Паласон во 20.минта, а вториот осум минути подоцна Ранди Нтека.

По водството од 2:0, Димитиревски два пати излезе како победник во дуелите со Луис Суарез. Во 34.минута, Димитриевски го доби дуелот „еден на еден“ со колумбискиот напаѓач, а во 39.минута одлично го одбрани ударот на Суарез.

Во вториот дел, Димитриевски одбрани уште две тешки топки по ударите на Рамазани и Акиеме.

Инаку, Рајо Ваљекано ја забележа првата победа во Алмерија по 1.декември 2014 година.

Scroll to Top