Top Sport

Сити победи, но Гвардиола е загрижен за Кевин де Брујне

Фудбалерите на Манчестер Сити со победа ја отворија новата сезона во Премиерлигата откако го совладаа Барнли со 0:3. Сепак, Пеп Гвардиола не може да биде среќен поради повредата на Кевин де Брујне. Тој во 23. минута го напушти теренот на новопромовираниот премиерлигаш.

Белгиецот има проблеми со бутниот мускул и, според Пеп Гвардиола, ќе отсуствува „извесен период“.

Де Брујне ја доживеа истата повреда во финалето на Лигата на шампионите во мај, што значи дека проблемот е од хронична природа и дека клубот мора да има посебен пристап кон неговото закрепнување.

Scroll to Top