Во организација на Џудо федерацијата на Македонија, викендов во СЦ „Јане Сандански“ се одржува Европскиот куп во џудо за јуниори и јуниорки – Скопје 2023. Ваков настан за првпат се организира во Македонија, а наиде на голем интерес и кај гледачите.
Повеќе од 200 џудисти од цела Европа се натпреваруваат за медалите, а меѓу нив 12 репрезентативци на Македонија.
Борбите продолжуваат и утре, со почеток од 10 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Фото: Игор Паневски