Тајсон Фјури покажа дека уште не е подготвен за враќање во рингот, откако ненајавено се појави во кампот на поранешниот противник Дерек Чисора пред неговиот саботен меч.
Чисора ќе боксува со Агит Кабаел за европската титула во тешка категорија во Монте Карло, а иако двапати боксуваше со Фјури (и двапати загуби), двајцата имаа пријателски разговор.
Фјури, кој по победата на Ентони Џошуа над Карлос Такам минатиот викенд најави дека би се вратил во рингот во 2018 година, овојпат се фалеше со својот вишок килограми, но го повика и Џошуа.
„Одам на еден кревач на товар, одреден кревач на товар кој може да крене половина тон. Девет-десет пати сум се враќал од ваква тежина. За Кличко имав 150 килограми, сега имам 150 килограми. Имав 170, но не пијам неколку дена и ослабев“, вели Фјури.
Тој нема боксувано речиси две години, откако го шокираше Владимир Кличко за титулите во тешка категорија во Диселдорф во декември 2015 година. По низата откажувања на ри-мечот, дојдоа психолошките проблеми и признанието дека земал кокаин, по што му беше одземена боксерската лиценца. Сепак, дури и промотерот на Џошуа, Еди Херн најави дека би сакал да види британски мега-дуел со Фјури.
„Две години не сум во рингот. Дебел како свиња, влакнест како животно, но уште гладен како лав. Сега имам голема желба да влезам во рингот и да скршам неколку глави. Сакам да зборувам само за бокс. Не политика, не религија, не други работи. Тајсон Фјури е името и ги сакам сите пред мене“, додаде Фјури.
The big man is here in Monte-Carlo! @Tyson_Fury talks to @dellboychisora before today’s weigh in ??? pic.twitter.com/W9dyoUEGy1
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) November 3, 2017