Top Sport

Истанбул и Лисабон во трка за финалето на ЛШ во 2020

Истанбул и Лисабон се единствените кандидати за организација на финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, потврди УЕФА.

Истанбул како предлог го има стадионот „Ататурк“, каде што во 2005 година Ливерпул стигна до фантастична титула на пенали откако губеше со 3:0 од Милан на полувремето. Лисабон оди со „Естадио да луж“, домот на Бенфика, каде што се одигра финалето во 2014 година, кога Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико.

Следната година финалето ќе се одржи на „Олимпискиот стадион“ во Киев, Украина, додека во 2019 година честа ќе ја има новиот дом на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“.

УЕФА објави дека и „Арена Гдањск“ во Полска и „Естадио до Драгао“ во Порто се кандидати за финалето на Лигата на Европа во 2020.

Scroll to Top