Реал Мадрид победнички ја стартуваше сезоната во Ла Лига, а безмалку совршено деби имаше новото мега-засилување, Џуд Белингам. Тој беше стрелец на одличен погодок во 36.минута, кога ја зголеми предноста на „кралевите“ на 0:2.
Водечкиот погодок за Реал Мадрид беше дело на Родриго во 28.минута.
За да не биде сѐ идеално за Карло Анчелоти се погрижи Едер Милитао, кој заработи повреда и мораше предвреме да го напушти мечот.