Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка (248. на ВТА листата) не успе да ја освои титулата на ИТФ турнирот во Осијек, Хрватска.
Ѓорческа во финалето доживеа пораз од 18. годишната Алексија Тодони. Младата Романка славеше во два сета со 6:4, 6:3.
Искористеноста на брејк топките го реши финалето. Од вкупно 19. одиграни гемови, 10 беа брејкови. Тодони направи шест, а Ѓорческа четири брејка.
Ѓорческа на патот до финалето елиминираше две сонардонички на Тодони. Во првото коло беше подобра од Дадачиу, а во полуфиналето од Амареи.