Top Sport

Ново одолговлекување – Јунајтед нема да донесат одлука за Гринвуд до септември

Манчестер јунајтед ќе ја одложат одлуката за потенцијално враќање на Мејсон Гринвуд во првиот состав до почетокот на септември, јавуваат англиските медиуми.

Гринвуд е суспендиран од јануари 2022 година, кога беше уапсен со обвинение за сексуален и физички напад на својата девојка. Но, во февруари оваа година, полицијата потврди дека прекинува со истрагата по повлекувањето на сведочењето од неговата девојка, со која тој доби и дете.

21-годишниот Гринвуд, според „Атлетик“, ќе добие конечен одговор пред интернционалната пауза на почетокот на септември, за резултатите од истрагата да бидат споделени со акционерите на клубот, но и со женскиот тим на „ѓаволите“.

Scroll to Top