Top Sport

Италијанците разочарани од имињата за можни наследници на Манчини

Италијанците ја чекаат разврската на прашањето кој ќе биде нов селектор откако Роберто Манчини поднесе неотповиклива оставка. Два дена по објавата на Манчини, како негови можни наследници се споменуваат три имиња.

Тоа се Даниеле Де Роси, Фабио Канаваро и Џенаро Гатузо.

Иако беа фантастични фудбалери, ниту еден од овие тројца нема завиден тренерски успех, напротив.

Де Роси доби отказ во Ферари (Серија Б), Канаваро учествуваше во испаѓањето на Беневенто од Серија Б во Серија Ц, а Гатузо можеби покажа најмногу од тројцата, имајќи предвид дека го има Купот со Наполи, но имаше и очајна сезона во италијанскиот шампионат.

Италијанската јавност посакува имиња како Де Зерби, Конте, Спалети…

 

Scroll to Top