Top Sport

Малер за „топчиите“ – новото засилување Тимбер ќе паузира неколку месеци

Арсенал добија лоши вести, откако нивното ново засилување, холандскиот дефанзивец Џуриен Тимбер го очекува пауза од неколку месеци откако се повреди во својот прв премиерлигаши меч минатиот викенд.

Тимбер беше стартер против Нотингем форест во саботата, но беше повлечен од игра по 50 минути игра со повреда на коленото, и според англиските медиуми, се работи за посериозен проблем, по кој следува долга пауза.

Ова се надоврзува на проблемите на позицијата бек за тимот на Микел Артета, откако Олександер Зинченко уште не е опоравен за игра и на негово место во тимот играше Томас Парти.

Scroll to Top