Top Sport

Флег фудбал, моторспорт, брејкденс, лакрос на ОИ?

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во наредните денови ќе донесе конечна одлука за новите спортови на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Како што најавија организаторите, нивниот предлог треба да го очекуваме во следните седум дена.

Каратето има шанса да се врати на олимписката програма, барем да биде во програмата на ОИ во 2028, а главни фаворити за добивање поддршка во САД се флег фудбал (американски фудбал без контакт), софтбол, лакрос и брејк денс.

Во игра се и кикбокс, сквош и моторспорт (електричен картинг).

Организаторите на Игрите во Париз се одлучија за брејкденс, спортско качување, скејтборд и сурфање.

Scroll to Top