Top Sport

Челси ја активира и отштетната клаузула на Олисе

Челси нема намера да сопре со нови трансфери и откако веќе го ангажираше Моизес Каиседо од Брајтон и го обезбеди играчот од средниот ред на Саутемптон, Ромео Лавија, „сините“ од Лондон сега ја активираа откупната клаузула на крилниот напаѓач на Кристал Палас, Мајкл Олисе.

Таа е во износ од 35 милиони фунти, а понудата е веќе испратена. 21-годишниот француски офанзивец долго време е желба на Челси, а се шпекулираше дека е интересен и за Манчестер Сити.

Олисе веќе ги прецизираше личните услови со лондончани, а во моментов се финализираат последните детали.

Фудбалерот, кој може да игра и како десно крило и како офанзивен играч за врска, забележа многу добра сезона за Кристал Палас, забележа 40 настапи на кои постигна два гола и даде 11 асистенции. Олисе е младински интернационалец на Франција.

Scroll to Top