Долгогодишниот голман на Тотенхем, Иго Љорис е пред потпис со италијанскиот Лацио, со кои ќе потпише двегодишен договор, тврди „Ла газета дело спорт“.
36-годишниот француски голман има уште една година од договорот со Тотенхем, но не беше дел од пред-сезоната на тимот на Анге Постекоглу, а исто така ја загуби и капитенската лента од Хеунг-Мин Сон. Се очекува лондонскиот клуб да не бара пари за неговиот трансфер, бидејќи веќе имаат нов голман во Италијанецот Гуљелмо Викарио, за кого платија 17 милиони фунти на Емполи.
Љорис треба да биде ривал на Иван Проведел за голманската позиција во Лацио.