Top Sport

Деко е новиот спортски директор на Барселона

Поранешниот португалски фудбалер Деко е нов спортски директор на Барселона, објави денеска на официјалната веб-страница шпанскиот шампион.

Андерсон Луис де Соуза Деко (45) ја пополни функцијата што до неодамна ја извршуваше Матео Алемани. Челниците на Барселона потпишаа тригодишен договор со Португалецот.

Деко е добро познато лице на стадионот „Камп Ноу“, тој играше за Барселона од 2004 до 2008 година.

За „блауграна“ одигра 161 натпревар и постигна 20 гола. Со Барселона ја освои Лигата на шампионите и две шампионски титули во Шпанија.

Scroll to Top