Top Sport

Само Сер Фергусон е пред Гвардиола

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола синоќа го освои 36. трофеј во кариерата.

Неговиот Манчестер сити го освои Суперкупот на Европа со победата над Севиља. „Граѓаните“ славеа по изведувањето пенали со 5:4, во 90 минути резултатот беше 1:1.

Гвардиола на вечната листа го престигна Мирчеа Лучески (78), кој остана на котата 35.

Пред Пеп сега е само пензионираниот Сер Алекс Фергусон, кој освои 49 титули во кариерата.

Ова беше четврти европски Суперкуп за Гвардиоли, претходно освои два со Барселона и една со Баерн Минхен.

Толку има Карло Анчелоти, кој два пати го освои овој трофеј со Милан и Реал Мадрид.

Scroll to Top