Top Sport

Струга Трим Лум од Луксембург гледа кон плеј-офот во Конференциската лига

Фудбалерите на Струга Трим Лум вечерва (20 часот) во Луксембург ќе го одиграат реванш натпреварот од третото квалификациско коло во Конференциската лига.

Македонскиот шампион реваншот против Есперанж ќе го започне со предност од 3:1.

Струга Трим Лум нема намера да ја брани предноста од првиот натпревар, ќе се обиде да победи и во реваншот и на тој начин да се пласира во плеј-офот.

„Како што истакна и нашиот тренер Шпетим Диро, веќе го заборавивме првиот натпревар, максимално сме фокусирани на денешниот втор дуел и знаеме дека имаме работа со многу квалитетен противник. Ќе дадеме сѐ од себе, ќе се потрудиме да ги исполниме неговите замисли во тактичкиот дел и се надеваме дека ќе продолжиме со квалитетни игри на гости, како и досега во Европа. Имаме огромен мотив. Се надеваме дека успешно ќе го заокружиме овој двомеч“, изјави капитенот Буњамин Шабани.

Мечот меѓу Есперанж и Струга Трим Лум е закажан за 20 часот на „Стад де Луксембург“.

Scroll to Top