Иако до пред некој ден во Пари Сен-Жермен инсистираа дека Килијан Мбапе ќе остане на клупата цела сезона по одбивањето да потпише нов договор, тренерот Луис Енрике потврди дека „совршениот“ Мбапе ќе биде дел од тимот за мечот против Тулуз.
Пред првото коло и мечот со Лориен, Французинот тренираше со Б-тимот, а Енрике се закануваше дека „клубот е пред било кој играч“, но сега по „конструктивните и позитивни“ разговори на Мбапе со претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи, тој е дел од првиот тим.
„Килијан е совршен од тоа што го видов на тренинг. Има огромна желба за игра и влегува со позитивен став во мечот. Тој е првокласен фудбалер и среќен сум што го имам во тимот“, изјави Енрике.