Легендата на германскиот фудбал, Јирген Клинсман смета дека Хери Кејн ќе блесне во Баерн Минхен и ќе го донесе потребното за тимот на Томас Тухел пред противничките голови, нешто што недостасуваше минатата сезона.
Кејн, конечно, замина од Тотенхем во потрага за тим со кој би освојувал титули, и изненади многумина со трансферот во Баварија наместо во клуб од Премиерлигата. Клинсман, кој беше напаѓач на Баерн и Тотенхем во неговата фудбалска кариера, вели дека Кејн ќе биде вистинскиот наследник на Роберт Левандовски, кој замина во Барселона.
„Мислам дека ќе има многу слична улога како Левндовски. Кога Роберт пристигна од Дортмунд во Баерн, веднаш се вклопи во тимот. Имаше играчи околу него кои му достаавуваа топки и Хери ќе биде во таа улога, со уште поголема предност што знае да игра и во креирање на акции. Можеби ќе биде на улога на ‘десетка’ и ќе биде интересно да се види како ќе соработув со другите. Нема да има проблем со адаптацијата и ако добие шанса ќе даде многу голови. Ќе ги усреќи навивачите во Минхен“, вели Клинсман.