Новиот преоден бразилски селектор, Фернандо Диниз го врати Нејмар во репрезентацијата, повикувајќи го за првите два меча од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Бразил ќе играат со Боливија на 8 септември во Белем, а четири дена подоцна во Лима гостуваат на Перу. Нејмар, кој ги пропушти пријателските мечеви на Бразил оваа година, оваа недела си замина од Пари Сен-Жермен, потпишувајќи богат договор со саудискиот Ал-Хилал.
Диниз потврди дека планирал да го повика и фудбалерот на Вест хем, Лукас Пакета, пред да се појават вестите дека ФИФА има истрага против него поради обложување. Диниз е преоден селектор на Бразил до следното лето, кога бразилската федерација се надева дека ќе го убеди Карло Анчелоти да ја преземе „селесао“.
Lista anunciada! ✍️🇧🇷
O treinador Fernando Diniz divulgou os 23 nomes que integrarão o elenco da Seleção Brasileira Masculina nas duas primeiras rodadas das Eliminatórias da Copa do Mundo 2026.
O primeiro jogo será contra a Bolívia e está marcado para o dia 8 de setembro, no… pic.twitter.com/j46QSt8Med
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) August 18, 2023