Првиот меч од второто коло во француската Лига 1 не разочара, откако Олимпик Марсеј одигра 2:2 и се спасуваше од пораз на гостувањето кај Мец, иако домаќините играа со играч помалку во поголемиот дел од второто полувреме.
Пјер-Емерик Обамејанг му асистираше на Емран Согло во 14. минута за рано водство на Олимпик, а кога Абабакар Мустафа Ло доби црвен картон во 59. минута изгледаше дека гостите лесно ќе стигнат до три поени. Меѓутоа, Мец успеаја да дадат два гола за пресврт – Сабали во 65. и Микаутадзе во 71. минута. Витиња успеа да го спаси тимот на Марселино од пораз во 83. минута од мечот.