Top Sport

(Видео) Форест извлече победа против Шефилд јунајтед во 90. минута

Нотингем форест им го нанесе вториот пораз во новата сезона на новиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, победувајќи со 2:1 со гол во 90. минута.

Домаќините експресно дојдоа во водство во 3. минута, кога Таиво Авонији беше сигурен по асистенцијата на Серж Орие, но Шефилд, кои се вратија во елитата по две години пауза, израмнија преку Густаво Хамер на стартот на второто полувреме во 48. минута.

Ветеранот Крис Вуд, кој влезе во игра во 84. минута на местото на Авонији, во 90. минута ги осигура првите поени за Форест оваа сезона.

Scroll to Top