Top Sport

Норвежанец пристигна во Севилја

Шпанскиот прволигаш Севилја го потврди трансферот на норвешкиот репрезентативен голман Орјан Ниланд. Норвежанецот дојде како замена за Јасин Бону, кој се пресели во Саудиска Арабија.

Севилја не плати ништо за трансферот на Најланд (32), бидејќи му истече договорот со Лајпциг. За место меѓу стативите конкурент ќе му биде српскиот голман Марко Дмитровиќ (31).

Во последните денови шпанските медиуми објавија дека хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ (28) е првата опција на Севилја откако Бону замина во Ал Хилал.

Севилја, која минатата година ја освои Лига Европа, ја отвори сезоната со пораз од 1:2 на домашен терен од Валенсија, а потоа на пенали загуби од Манчестер сити во Суперкупот на Европа.

Scroll to Top