Top Sport

(Видео) Вардар доцна се разбуди, Јашароски со хет-трик донесе победа за Воска спорт

Ален Јашароски ги обележа денешните натпревари од третото коло во Првата македонска фудбалска лига. Со неговите голови Воска спорт го победи Вардар. Попладнево се истакна и напаѓачот на Работнички, Крсте Велкоски.

Воска спорт ја забележа првата победа во елитната конкуренција на македонскиот фудбал. По воведните два порази, Воска спорт го победи Вардар со 3:2. Хет-трик постигна Јашароски. Головите ги постигна во 27., 32. и 48.минута.

Вардар се разбуди во финишот на натпреарот и со два гола, Глишиќ и Жоглев, во 84. и 93.минута само успеа да го ублажи поразот. Црвено-црните во првите три кола забележа исто толку порази.

Работнички на стадионот во Маџари, во скопската пресметка минимално ја победи Македонија ЃП. Прекрасен гол од слободен удар со кој го реши победникот, во 21.минута постигна Крсте Велкоски.

Шкендија како гости го победи Тиквеш со 2:1. Головите беа постигнати во првото полувреме. Чинари и Елези донесоа предност од два гола за Шкендија во 24. и 37.минута, а на истекот на првиот гол Мојсов намали на 1:2 и го постави конечниот резултат.

Дербито меѓу Шкупи и Силекс во Чаир заврши без победник 1:1, а Брегалница лесно излезе на крај со аусајдерот Гостивар и победи со 2:1.

Резултати 3.коло:

Тиквеш-Шкендија 1:2
Работнички-Македонија ЃП 1:0
Воска спорт-Вардар 3:2
Брегалница-Гостивар 2:1
Шкупи-Силекс 1:1

Табела:

Scroll to Top