Top Sport

Бахамите го освоија турнирот во Аргентина, ќе играат квалификации за пласман на ОИ

Кошаркарската репрезентација на Бахамите направи голем подвиг и се пласира на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз.

Кошаркарската репрезентација на Бахамите во финалето на турнирот во Аргентина славеа против домаќинот со 82:75.

Херој на Бахамите беше бекот на Феникс Санс, Ерик Гордон со 27 поени (6/7 за три).

Аргентинците одиграа речиси беспрекорно до самиот крај, поведоа со 73:71 на три минути до крајот. Тогаш на сцена стапи Гордон, погоди две тројки, но возврати ветеранот Карлос Делфино ја врати Аргентина во предност 75:74.

Сепак, Аргентинците не успеваат да постигнат кош во следните два поседи, а Гордон погоди уште една тројка за 80:75 и ја „завери“ големата победа на 20 секунди до крајот.

Него брилијантно го следеа соиграчот од Санс, Деандре Ајтон со 10 поени и 21 скок и бекот на Индијана Пејсерс, Бади Хилд со 17 поени, пет скока и три асистенции.

Аргентина со овој пораз уште еднаш ги разочара своите навивачи. Аргентинците нема да бидат дел од Светското првенство кое ќе започне наредната недела.

Против Бахамите блескаа Факундо Кампацо со 14 поени и 17 асистенции и Габриел Дек со 21 поен и шест скока.

Scroll to Top