Top Sport

Алегри: Јилдиз утре ќе оди на шишање по нормална фризура

Јувентус моќно ја започна сезоната во Серија А. Едно полувреме им беше потребно на избраниците на Масимилијано Алегри за да ја обезбедат победата на „Дачија арена“ против Удинезе.

Јувентус со 3:0 победи во Удине. Кијеза погоди во втората, Влаховиќ од пенал во 20. и Рабиот во 45+3.минута од првото полувреме.

Во втората половина од вториот дел, тренерот Алегри ја искористи можноста да ги одмори најдобрите играчи. На теренот во последните 10 минути влезе и 18.годишниот Кена Јилдиз.

Младиот Турчин беше по натпреварот доби критики од тренерот Алегри. Предводникот на Јуветус го обвини младиот Турчин дека повеќе внимавал на фризурата отколку на играта.

„Утре Јилдиз треба да оди на фризер и да се шиша бидејќи сто пати си ја поправи фризурата. Утре оди на фризер по нормална фризура, а потоа ќе може да му се посвети на фудбалот“.

Scroll to Top