Top Sport

Првиот човек на шпанскиот фудбал се извини за скандалот откако страстно бакна фудбалерка во уста

Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, јавно се извини откако ја бакна во уста фудбалерката Џенифер Хермосо за време на прославата на победата на Светското првенство за жени, што предизвика огромен бес во Шпанија.

Инцидентот се случи кога шефот на федерацијата, Луис Рубиалес, на шпанскиот тим им ги додели златните медали, откако ја победија Англија со 1:0 во неделното финале.

„Сигурно дека згрешив, морам да признаам“, изјави Рубиалес во видео изјавата испратена од федерацијата.

„Тоа беше спонтано, во момент на еуфорија“, додаде тој.

Хермосо им кажала на соиграчите во соблекувалната дека „не и се допаднал“ гестот на претседателот.

Таа подоцна го минимизира инцидентот во изјава испратена од федерацијата до шпанската новинска агенција ЕФЕ од федерацијата.

„Тоа беше взаемен гест кој беше целосно спонтан, поттикнат од огромната радост за освојувањето на светската титула“, се вели во соопштението. „Имаме одличен однос со Прези (претседателот), неговото однесување со сите нас отсекогаш било за „десетка“ и тоа беше природен гест на наклонетост и благодарност“, додаде фудбалерката.

 

Scroll to Top