Top Sport

Баскет њуз: Шпанија нема да освои медал на СП

Остануваат уште само три дена до почетокот на Мундобаскетот чиј домаќини се Филипини, Јапонија и Индонезија од 25. август до 10. септември.

За светскиот трон во Азија ќе се борат вкупно 32 селекции поделени во осум групи.

Специјализираниот кошаркарски портал „Баскет њуз“ ја направи својата проекција според актуелниот шампион Шпанија нема да се вклучи во борбата за медалите. Според ова проекција Шпанците се седми фаворити за шампионатот.

Најмногу шанси за титулата добија Американците, зад нив се Французите, а меѓу четирите најдобри би се пласирале Канада и Австралија.

„Баскет њуз“ во топ 10 фаворити ги стави Германија, Србија, Шпанија, Грција, Словенија и Литванија.

Scroll to Top